Српското Обвинителство: Не бил употребен „звучен топ“ на протестите во Белград
На 16 март, врз основа на информации од медиумите, на портали и видеа објавени на социјалните мрежи, а во врска со настанот во саботата во 19 часот и 11 минути, кога според изјавите на присутните, се слушнал силен и необичен звук, кој предизвикал паника, трчање, туркање и паѓање на граѓаните собрани на улицата Крал Милан, Првото основно јавно обвинителство на Србија испратило барање за прибирање информации до Министерството за внатрешни работи на Република Србија.
„Во наведеното барање беше побарано да се утврди дали во приликата е употребено пиротехничко оружје или некое друго општо опасно средство кое предизвикало или можело да предизвика опасност по животот или телото на присутните граѓани. Исто така, покрај извештајот од МВР, до обвинителството се доставени и податоци од Министерството за одбрана, Министерството за здравство и Безбедносно информативната агенција. Од сето наведено, поточно од извештаите на сите горенаведени институции, недвосмислено се констатира дека ниту една од горенаведените организациски единици и членови ангажирана на протестот на 15.03. не слушнал, не видел, ниту користел т.н „звучен топ“, наведуваат од Првото основно јавно обвинителство.
„Исто така, од анализата на Министерството за одбрана – Воено-технички институт, произлегува дека врз основа на достапни податоци и отворени извори, нема индиции дека системот „звучен топ“ бил користен во критичниот момент. Во дописот од Министерството за здравство се наведува дека врз основа на извештаите собрани од надлежните здравствени установи на територијата на град Белград, недвосмислено е утврдено дека кај пациенти кои биле прегледани во периодот од 15 март до 17 март 2025 година немало клинички знаци на акутна акустична траума, ниту пак било каква друга штета предизвикана од интензивен, концентриран, високофреквентен шум од над 100 децибели објективно утврдени со целосна дијагностика“.
„Обвинителството смета дека, од досега прибраните пријави, произлегува дека таканаречениот „звучен топ“ не бил употребен од сите организациски единици и членови на обезбедувањето на протестот, а Обвинителството ќе продолжи да работи на утврдување на причините за предизвикување на однесувањето на граѓаните во критичниот момент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа