Српскиот актер избегна затвор, но доби условна казна
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ избегна затворска казна во Хрватска откако се изјасни виновен за објавување на содржини кои вреѓаат полицијата. Суд во Сплит му изрече условна казна од 60 дена, која нема да ја издржи доколку во рок од една година не повтори слично дело.
Трифуновиќ беше уапсен на граничниот премин Бајаково и спроведен во Сплит поради објави на социјалните мрежи во кои ја навредил хрватската полиција. Ова не му е прв судир со законот во Хрватска. И во септември минатата година беше притворен поради неправилно чување на куче на јавна плажа.
Во изјава за медиумите, Трифуновиќ изјави дека ќе се откаже од правото на жалба и дека планира да стане хрватски државјанин. По излегувањето од судницата, имал краток разговор со полициски службеник кој проверувал дали неговиот престој во Хрватска е легален.
Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на апсењето на Трифуновиќ, повикувајќи на негово ослободување и враќање во Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа