Среќни вести: Од Газа конечно евакуиран е брачниот пар од Македонија

Конечно безбедно евакуиран е од Газа брачниот пар од Македонија кој беше заглавен во критичното подрачје. Во моментов тие се на безбедно, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи преку социјалната мрежа Фејсбук. 

„Одлична вест тукушто пристигна од Каиро и Тел Авив!

Брачниот пар, последните двајца наши државјани кои се наоѓаа во ризичните зони се евакуирани од Газа. Во моментов тие се на безбедно, привремено вдомени во Каиро, и наскоро ќе бидат упатени кон дома“, напиша шефот на дипломатијата на Фејсбук.

„Сакам да оддадам посебно признание за посветеноста и професионалноста до вршителите на работи во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои вложија извонредни напори во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани“, додава Османи во неговата објава.

14.11.2023 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега