Средношколци и деца од градинка учествуваа во еко-акција во Сарај
Во пресрет на Светскиот ден на планетата Земја - 22 Април, денеска беше организирана еко-акција за едукација, чистење и селекција на отпад и садење украсни дрвца и цвеќиња на неколку локации во паркот во Сарај.
Ученици од средното училиште на Град Скопје „Сарај“ и деца од градинката „Филиз“ учествуваа во акцијата која ја организираше Град Скопје во соработка со ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и Општина Сарај.
-Дечињата цртаа на еко-теми, учеа низ игра со селектирање отпад и беа дел од еко-едукација за подигнување на свеста за важноста за зачувување на животната средина и како правилно се постапува со комуналниот отпад уште од најмала возраст, соопшти Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа