Среде лет откажа мотор на авион на релација Мелбурн – Перт


Пилотите на австралиската авиокомпанија Qantas Airways слетаа безбедно во Перт и покрај дефектот на еден од двата мотори.

Пилотите на авионот Ербас А330-200, на релација Мелбурн – Перт, побарале дозвола за приоритетно слетување вчера вечерта, што успешно го извршиле со помош на преостанатиот мотор, пренесува Ројтерс.

Дефектите на моторот се ретки, но авионите со два мотори се дизајнирани да летаат само со еден, за што се обучени пилотите.

26.03.2024 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега