Средба Муцунски - Емери - Дискутирани можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена
Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорот на Австралија, Даниел Емери.
Министерот Муцунски го запозна соговорникот со приоритетите во работата на Министерството и на Владата, меѓу кои најголемо внимание и ангажман ќе биде посветен на забрзување на евроинтегративните реформски процеси.
Соговорниците разменија мислења за актуелната билатерална соработка, во чии рамки нашата дијаспора во Австралија игра многу важна улога и претставува мост за поврзување меѓу граѓаните на двете земји.
На средбата беа дискутирани можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена, како и соработката во други области од заеднички интерес, како и прашања поврзани со политичката и безбедносната состојба во регионот и надворешно политички теми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа