Средба Маричиќ-Мурис: „Патот кон ЕУ е неминовен, реален и достижен“
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денес одржа работна средба со амбасадорот на Кралството Белгија за Македонија, Фредерик Мурис.
На средбата вицепремиерот Маричиќ и амбасадорот Мурис зборуваа за претседавањето на Белгија со Советот на Европската унија, како и за следните чекори кон реализација на европската агенда за Северна Македонија. Беше разговарано за заложбата на белгиското претседателство за Северна Македонија која е во правец на придонесување за напредокот на европската стратегија за проширување, барање решенија и посветено реализирање на плановите.
Вицепремиерот ја истакна посветеноста со која како што рече тој: Ние не се откажуваме од исполнувањето на условите за свикување на Втората Меѓувладина конференција. Планот за раст на Западен Балкан е подадената рака на Европската Комисија за која сериозно и темелно се подготвуваме, многубројните придобивки од спроведување на Планот за раст во регионот и државата ќе бидат вистинска трансформација за нашите општества и граѓаните.
Маричиќ и Мурис веруваат дека со посветена и темелна работа на администрацијата, свесно и совесно раководење на сите политички структури во државата, успехот за пристапување во ЕУ е неминовен, реален и достижен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа