Средба Јанев - Николовски: Заедно да ставиме крај на криминалот и корупцијата
Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оствари работна средба со заменик претседателот на Влада и Министер за транспорт и врски Александар Николоски.
На средбата беше разговарано и беа посочени можни криминали во однос на Извештајот од Државниот завод за ревизија во однос на работата на Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“ за изградба на железничката пруга кон Бугарија и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), при што се дискутираа наводите од извештајот и од страна на директорот беше потенцирано дека Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни дејствија согласни со нашите надлежности.
На средбата се разговараше и за идната соработка и пријавување на сите сомнежи за сторени кривични дејствија. за да се стави крај на криминалот и корупцијата.
Директорот Јанев нагласи дека борбата против корупцијата и криминалот ќе биде неприкосновена и неселективна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа