Средба Гаши - Прескер: Словенија отсекогаш настапувала како адвокат на земјите од регионот за нивна евроинтеграција

 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со амбасадорот на Словенија во земјава, Грегор Прескер.

Како што информираат од собраниската прес-служба, поздравувајќи ги цврстите и пријателски билатерални односи меѓу двете држави, претседателот Гаши изразил благодарност за континуираната словенечка поддршка во остварувањето на нашите две стратешки цели, за членството во НАТО и за членството во Европската Унија.

Истовремено, честитал за изборот на Словенија како непостојан член на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2024 - 2025 година и нивниот придонес како мала земја кон целите на оваа организација. Во поглед на билатералната соработка, ја поздравил плодната и разновидна  соработка меѓу парламентите на двете држави, со желба истата да продолжи да се интензивира во периодот што следи.

19.06.2024 - 16:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега