Спремете повеќе пари: Се зголемуваат цените на некои од горивата

 

 

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-98“ и „евросупер БС-95“, на „евродизелот (Д-Е V)“ и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 2,00 денара/л.

Од 3.3.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 81,50 (денар/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 83,50 (денари/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 76,00 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75700 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 41,266 (денар/килограм)

02.03.2023 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега