СПМ: СДС знаат само за малограѓански уличарски навреди

 

За да се прикажат како загрижени за процесите во Македонија СДС, немајќи друг избор, преку нивниот идеолог и во се промашен бивш професор, бивш министер и бивш амбасадор, се јавија со оценки за надворешната политика што ја води Македонската Влада. Од таков антимакедонист не може да се очекува ништо друго туку само црнила и малограѓански уличарски навреди дека сé не е во ред и сите ништо не знаат. Ова преку соопштение до јавноста денеска го порачуваат од Социјалистичката Партија на Македонија.

- Како најконтроверзен бивш и пред се првенец како неуспешен политичар, сопруг, родител и човек се труди да ги наметне неговите контрадикторни ставови кои треба натаму неговата матична партија да ги пласира меѓу членството. Со променливи презимиња и единствено постојано и непроменето име, тој не е само антимакедонист туку тој е штетник кој историјата го памети по сите злодела кои им ги има нанесено на граѓаните во Македонија.  До крајност исфрустриран и исконплексиран лик, црномантилаш, без морал и без култура и со едвај базични знаења тој сака да ги оценува и да ги навредува македонските граѓани. Тој е против македонизмот, против јазикот, името и се она што е белег на Македонската држава. Трговец со македонските идентитетски прашања, трговец со антиквитети и дрзок претседателски поткупувач.
Лик што го правда предавството на Заев и неговите следбеници и ги поттикнува сопартијците да се гордеат со предавството на сопствената држава. Со расистичко-фашистички ставови ги навредува сите кои се бореле и се борат за својата Таковина за нејзиното опстојување и напредок, велат тие.

Додаваат дека за него тоа се непријатни вистини и освен кешот тој не познава други факти. Затоа ќе биде зпаметен како целосно негативен лик во историски контекст кој работел на предавство на својата држава.

- Мало и ситно човече поврзано со безброј скандали и тужби за соработка со структури од подземјето кои се антимакедонски, со перцепција искривена исто како и аргументите што ги приложува за да ги оправда негативните предавнички одлуки и политики на СДС. Контроверзи се поврзани со неговото минато и политичко делување. Со тешки обвинувања за корупција и насилство, за шверц на нафта и цигари за време на неговите министерски мандати, но и за физичко насилство врз жени, за исчезнувањето на 25 кг кокаин од полициско депо за време на неговото мешетарење. Прикривач на вистината со давање погрешни насоки во врска со атентатот врз поранешниот претседател Глигоров, со недоволна истрага што создаде сомнежи кај граѓаните. Во процесот на лустрација, опишан како кодош (што друго би можел).
Контраверзен лик и за САД кои ја одбија неговата амбасадорска номинација, со накалемена утешна квази позиција во Њу Јорк од која повторно крадеше и за што има обвинение за злоупотреба на финансии и народни пари од македонската држава и народ. Овој безначаен лик ја осудува стратегијата на владата за зближување со администрацијата на Доналд Трамп и Виктор Орбан. Тој ги гледа нападите кон ВМРО со Коалицијата и Мицкоски како дел од широка стратегија за редефинирање на СДС и нивно враќање на власт. Може да се заклучи дека секој искажан став или оценка од ваков општествено отфрлен и карикатурален лик се неприфатливи и се за осуда и тоа да се смета како безобразен и штетен пристап кон оценување на сопствената држава, поттикнато од зачестени ментално девијантни состојби на немоќ, безнадежност и пакост, велат тие.

08.05.2025 - 10:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега