Спектакл во најава: Македонецот Волкановски сака борба против Мекгрегор

 

Александер Волкановски е подготвен да остави „печат“ на УФЦ пред дуелот со Чен Сунг Џонг, попознат како „Корејскиот зомби“ на УФЦ 273 овој викенд, и признава дека би сакал да влезе во кафезот против Конор Мекгрегор. УФЦ шампионот во перо категорија вели дека не му недостасува мотивација.

Тој признава дека би сакал да влезе во кафезот со Мекгрегор, со кого неколку пати се „судрија“ само на социјалните мрежи.

„Сите го врескат неговото име, нели? Сите велат дека тој меч ќе се случи – поради парите, поради вниманието, пеј-пер-вју… И тој како мене е човек кој имаше појаси во повеќе категории. Зошто да не?“, вели шампионот.

08.04.2022 - 23:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега