Спасувач од БиХ: Извлековме дете чии родители починаа на лице место - беше под ѕид
Еден од спасувачите во поплавитев во Босна и Херцеговина, Аднан Џелмо кој во најтешките моменти спасуваше животи во Јабланица откри кога му било најтешко.
Тој за „Дневни аваз“ раскажа за ситуацијата која му била најшокантна.
-Еден од најтешките моменти беше кога го извлекувавме тоа момче чии родители починаа, за жал, на лице место. Го најдовме детето под тој ѕид. Тој момент беше најтежок, низ што поминуваше тоа дете… Како што слушнавме понатаму, тоа момче се бори за живот, беше пренесен во болница, момчето имаше седум или осум години“, рече Џелмо.
Според последните информации, во поплавите кои ја зафатија Босна и Херцеговина животот го загубија најмалку 18 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа