Спасовски: Системски закони не се носат по брза постапка, ќе гласаме за симнување од дневен ред
Системски закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување од дневен ред на законите за реорганизација и зголемување на бројот на министерства, рече Оливер Спасовски координатор на пратеничката група на СДСМ на денешната седница во Собранието.
-Сакам да го изразам ставот на пратеничката група на СДСМ, дека системски закон да се носи по скратена постапка, не е дозволено, посебно закон којшто уредува зголемување на бројот на министерствата и агенции и нема ниту проценка на влијание на регулативата. Не навлегувам во аргументите, предлогот, легитимноста, ама тука апсолутно станува збор за сложен и обемен закон кој е спротивен на деловникот на којшто се однесува и ние гласаме за симнување на оваа точка од дневниот ред, рече Спасовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа