Димитриеска-Кочоска: Сите проекти над 2 милиони евра се под лупа

 


Сите јавни инвестиции над 120 милиони денари или 2 милиони евра ќе поминуваат филтер во Министерството за финансии и ќе бидат одобрувани од Владата со цел да се надмине состојбата на појавување проблеми во подоцнежната реализација. Ова е предвидено со измени во Законот за буџети, а со цел да се креираат проекти кои ќе можат да се реализираат.

Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Тв 21 во кое истакна дека има многу наследени проекти од претходната Влада кои сега се прекинуваат поради објективни проблеми.

„За жал многу од проектите што ги наследивме и за кои очекувамве дека ќе има реализација ги прекинуваме во овој период поради објективни проблеми. Како на пример се раскинува договор заради откриена фалсификувана банкарска гаранција“, рече министерката и додаде дека кај одредени проекти има и забрзана динамика.

Очекува годината да се заврши со реализација на околу 550 милиони евра капитални инвестиции. Тоа е околу 70% од планираното. Но важно е дека станува збор за реализација на реални капитални инвестиции.

„Во 2021 година капитални расходи се реализирани во износ од 400 милиони евра, во 2022 во износ од 450 милиони евра, во 2023 година 700 милиони евра. Но во овие средства се и трансферите кон ЕСМ од кои потоа беа исплаќани плати, како и авансни плаќања за одредени проекти. Оваа година ќе завршиме со капитални расходи околу 550 милиони евра но тоа се реални капитални расходи“, истакна министерката.

Во однос на реализацијата на Буџетот рече дека се одвива согласно планираното. „Приходите од ДДВ ќе бидат над планот, од Данокот на личен доход согласно планот, кај Данокот на добивка ќе има реализација 98-99%. Придонесите ќе имаат 100% реализација.

Буџетскиот дефицит ќе биде понизок“, потеницира Димитриеска-кочоска.

Информираше дека нема да има проемни во даночната политика и дека единствената промена е усогласувањето со минималниот корпоративен данок.

Според министерката треба да се работи на подобрување на целокупниот животен стандар на граѓаните, кое што не опфаќа само раст на плати и пензии, туку вклучува и подобри услови во образованието, здравствениот сектор, инфрастурктура и слично.

„Платите во јавниот сектор ќе се усогласат согласно законските прописи и за тоа се предвидени средства. А во контекст на склучувањата колективни договори, рече дека се одобрени онаму каде што буџетските корисници предвиделе средства за раст на платите во рамки на одобрените лимити “, појасни министерката.

Во гостувањето се осврна и на користењето на средствата од заемот од Унгарија кој е наменет за општините и приватниот сектор. При тоа посочи дека Владата на крајот на новиеми има донесено одлука за условите за користење на средствата во приватниот сектор и дека во моментов се чека Развојната банка да го финализира производот согласно кој ќе се пласираат средстват од деловните банки кон крајните корисници.

За средствата наменети за општините, рече дека процесот се одвива како што беше планиран и дека веќе се вршат исплати по одредени проекти кај кои има реализација.

26.12.2024 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега