Состанок на Воениот комитет на НАТО на 18 и 19 јануари за безбедносната состојба на Косово и за мисијата на КФОР

 

Воениот комитет на НАТО, највисокиот орган на Алијансата, ќе одржи состанок на 18 и 19 јануари во Брисел на кој меѓу другото, ќе се разговара за безбедносната состојба на Косово и за мисијата на КФОР, со фокус на ситуацијата на терен и безбедносното опкружување, се наведува на веб-страницата на НАТО.

На вториот ден од првата сесија оваа година, министрите за одбрана ќе се сретнат со нивните оперативни партнери на Косовските сили (КФОР) – Ерменија, Австрија, Финска, Ирска, Молдавија, Шведска, Швајцарија и Украина.

Разговорите ќе бидат фокусирани на ситуацијата на теренот, безбедносната средина и мисијата на КФОР.

03.01.2023 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега