Сопругите на Звицер, Веља невоља и Месарот главни мафијашки
Криминалните кланови во Србија и во Црна Гора за своите активност се повеќе користат жени. Така беше за убиството на Ранко Ескобар, а Кавачкиот и Шкаљарскиот клан веќе на повисоки позиции ги имаат сопругите на Звицер, Беливук и Миљковиќ.
Тамара Звицер (38), сопруга на избеганиот водач на Кавачкиот клан Радој Звицер, која е вешт со оружје и не се двоуми да го употреби, како кога пред неколку во Киев кога пукаше во атентаторите на нејзиниот сопруг.
Тука се и сопругите на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ: Бојана Беливук (40) и Тања Миљковиќ (38). Против нив се води финансиска истрага поради основано сомнение дека ги переле парите на кланот Веља Невоља.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа