Сонот на секоја жена: Гобељиќ ја изненади Катерина со подарок вреден близу 7.000 евра (ФОТО)
Популарната пејачка Катарина Грујиќ по раѓањето на ќерката Катја доби скапоцен подарок од сопругот, фудбалерот Марко Гобељиќ.
По примерот на светските ѕвезди кои на своите партнери по раѓањето на детето им подаруваат скап накит, Гобељиќ се потруди да ја израдува Катарина со специјално парче накит.
Станува збор за нараквица на познатиот бренд Картиер, изработена од жолто злато, чија цена на официјалната веб-страница е 6.800 евра.
– Најдобриот сопруг – напиша Катарина со фотографија од подарокот на Инстаграм, а дамите се согласуваат дека ова парче накит е желба на секоја жена.
Да потсетиме, Катарина и Марко го добија своето прво дете, ќерката Катја, на 15 декември. Гордиот татко два дена го славеше нејзиното раѓање, а сопругата и ќерката ги зема од породилиште на 19 декември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа