Сончево време: Попладне услови за пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со променлива облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, поголема попладне. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период со претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме

03.09.2024 - 08:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега