Софија Вергара и Џо Манганиело се разведуваат по 7 години брак

 

 

Софија Вергара и нејзиниот сопруг Џо Манганиело решија да тргнат по свој пат по седум години брак, потврдија извори за „Пипл“.

Актерката од „Модерна фамилија“ (51) се омажи со Џо (46) на раскошна церемонија на Палм Бич во ноември 2015 година, но парот сега соопшти дека донел тешка одлука за разделба и побара приватност.

„Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како двајца луѓе што многу се сакаат и се грижат еден за друг, учтиво молиме да се почитува нашата приватност во овој момент додека поминуваме низ оваа нова фаза од нашиот живот“, вели парот во заедничка изјава.

Веста доаѓа откако Вергара беше забележана како го прославува роденденот во Италија без Манганиело.

Софија, која со првиот сопруг Џо Гонзалес има 31-годишен син Маноло, го прослави својот 51. роденден во Италија со пријателите, без Џо и без венчалниот прстен, пренесуваат американските таблоиди.

„Софија и Џо веќе некое време се оддалечуваат еден од друг за да размислат за својата иднина“, извор изјави за магазинот.

Двојката последен пат беше видена заедно минатиот месец во Хобокен, Њу Џерси, кога Софија го посети сопругот актер на снимањето на неговиот нов проект „Нонас“.

18.07.2023 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега