Собраниска делегација ќе положи цвеќе по повод Денот на Армијата

Четворица активни генерали, голем број офицери и подофицери како и илјадници регрути во 1992 година ја започнаа реализацијата на најголемата патриотска должност за обезбедување мир и стабилност на граѓаните на Република Македонија.

По повод одбележувањето на 18 Август, Ден на Армијата на Република Македонија, собраниска делегација денеска ќе положи цвеќе на партизански гробишта, пред вечните почивалишта на претседателите Киро Глигорово и Борис Трајковски, и на генерал Михаило Апостолоски.

Во собраниската делегација, која ќе ја предводи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски се и пратениците Дарко Каевски и Зоран Коцевски.

18.08.2022 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега