Со убавината ги заведуваше мажите, го отпеа најголемиот хит на 90-те, па исчезна: Денес изгледа поинаку
Се прослави во 1997 година со објавата на песната „Torn“ која беше на нејзиниот дебитантски албум „Left of the Middle“.
Песната ѝ донесе светска популарност, па иако ѝ предвидуваа успешна кариера, таа сепак одлучила да се повлече од јавната сцена и да се посвети на семејниот живот.
На 44 години станала мајка на една ќерка, живее мирен животи, и како што вели таквиот начин на живот најмногу моментално ѝ годи.
Таа денес има 46 години и изгледа како да не остарела ниту еден ден. Како што признала самата нема ништо против пластичната хирургија, а додала и дека на добриот изглед може да се заблагодари и на корекциите, но и добрата генетика.
„Можеби треба да се заблагодарам на своите родители на одличните гени“, изјавила таа додавајќи дека редовно планира да се занимава со јога за да ја задржи добрата фигура на тело.
Натали изјавила дека клучниот дел од нејзините секојдневни рутини се и редовната хидратација на организмот, но и на кожата.
„Премногу сакам сонце, па поради тоа ја негувам својата кожа, на пример пијам многу вода“, истакнува пејачката.
Борба со депресија и љубов како спас
Пејачката била во брак со фронтменот на групата „Silverchair“ Даниел Џонсон до 2003 година.
Натали во едно интервју за странските медиуми изјавила дека Џонс ја спасил од депресијата како и дека ја напишал песната „Satisfied“ на нејзиниот албум „Counting Down the Days“.
Меѓутоа, во 2008 година дале јавно соопштение дека се разведуваат, а како причина за нивната разделба ја навеле преголемата дистанца меѓу нив.
„Едноставно се одвоивме еден од друг затоа не успеавме да поминеме доволно време заедно“.
Без оглед на тешкиот љубовен бродолом, пејачката во 2019 година го родила детето Макс, благодарение на вештачкото оплодување од непознат донатор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа