Со победа над Јужна Кореја, Македонија го заврши настапот на Светското првенство

 

Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на 28-то Светско првенство.

Ракометарите се враќаат дома со победа на последниот одигран натпревар против селекцијата на Јужна Кореја (36:33).

Најефикасни на паркетот, со по 8 голови, беа Филип Кузмановски и Џин Јусун, но Кореецот имаше 100% ефект бидејќи од 8 обиди погоди осумпати.

Во нашиот табор 6 гола постигна Ненад Костески, 5 Мартин Серафимов, а по 4 Филип Талески и Иван Џонов.

Со четири порази и три победи, Македонија го освои 27. место на овогодишеното Светско првенство во ракомет на кое настапија 32 селекции.

25.01.2023 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега