„Со насмевка криев неподнослива болка“: Џенан проговори за една тешка ноќ по смртта на неговиот брат

Џенан Лончаревиќ никогаш нема да заборави една новогодишна ноќ, кога требаше да пее и да ги забавува гостите на еден клуб, иако дваесетина дена пред тоа, во 2008 година, го загуби својот брат.

Очекувањата беа големи – дека ќе биде среќен, расположен и ќе создаде одлична празнична атмосфера, а никој немаше поим низ што поминува пејачот.

-Ќе ви кажам еден детаљ што некои погрешно го протолкуваа, но само јас знам колку морав да се изборам во тој момент. Една новогодишна ноќ морав да излезам на сцената навидум среќен, насмеан и одлично расположен. Морав да пеам цела вечер и да создадам одлична атмосфера – изјавил во една прилика Џенан Лончаревиќ, пренесува „Блиц“ и продолжил:

„Неполни дваесет дена пред тоа го загубив сопствениот брат, но не можев да го откажам настапот и не сакав да ги изневерам луѓето кои очекуваа одлична новогодишна ноќ. Велат дека било феноменално, но никој не знаел дека морав да се насмеам за да ја сокријам неизмерната, неподнослива болка. Ретко зборувам за тоа, ретко се сеќавам на таа ноќ, но знам дека после неа многу работи не беа исти“.

Џенан Лончаревиќ на починатиот брат му ја посвети песната „Страх ме да те сањам“, која беше вклучена во неговиот албум од 2009 година.

26.07.2023 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега