Снегот пристигна во Србија, патните правци прв приоритет на службите
Снежна идила и во Србија. Утринава е измерен снег на планините и до 15 сантиметри.
Како што пишуваат српските медиуми во моментов сите патни правци од прв приоритет се проодни.
„Во текот на ноќта била ангажирана тешка механизација, а околу два часот по полноќ биле ангажирани и грејдери на Златибор. Многу врнеше снег, камионите не беа исклучени цела ноќ. На теренот имаше 13 камиони, а најкритични се делниците преку Златибор, Златар и Кадињача. Во соработка со сообраќајната полиција воведена е забрана за шлепери“ изјави Ален Мушановиќ од Путево Ужице.
Во центарот на Нова Варош и Златибор висината на снегот е околу 10 сантиметри, а на околните планини висината варира од 15 до 20 сантиметри, во зависност од надморската височина.
Во моментов во западна Србија снегот паѓа со послаб интензитет, а температурата е неколку степени под нулата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа