Смртта на Денис Тот била насилна - две лица се приведени, едно е во бегство

 

Докторите од Судска медицина ги решија дилемите во јавноста, откако обдукцијата покажала удар во глава, односно повреда на мозокот е причина за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, објави „Телма“.

Скопското обвинителство, исто така, објави дека чекаат целосна документација за да отворат предмети. Од доказите ќе зависи дали ќе биде делото квалификувано како убиство или насилство со смртни последици.

Телма“ објави дека биле инволвирани три лица, меѓу кои дечко и девојка кои се приведени, додека третата личност е во бегство.

Сите биле во исто друштво во ноќен клуб во парк, како што се гледало на снимките кои се обезбедени за случајот.

Кога тргнале да си одат се случила тепачката, по што Тот паднал во бесознание, додека другите си заминале од местото.

09.04.2022 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега