Смарт таблети и новогодишни пакетчиња за децата од Општина Илинден

 

 

За децата во трите основни училишта на територија на Општина Илинден денеска им беа доделени 60 смарт таблети. Смарт уредите се наменети за ученици од второ и IV одделение, како и за ученици од социјално загрозени семејства, со цел успешно следење на наставата по новиот концепт и програма.

Градоначалникот на Општина, Илинден Александар Георгиевски истакна дека главната цел е обезбедување на квалитетна настава и креирање на можности за унапредување на воспитно-образовниот процес.

– Со овие таблети ќе им се помогне на децата од социјално загрозените семејства, ќе се зголеми квалитетот на образовниот процес на учениците, а локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади, рече тој.

Покрај смарт таблетите, како што информираат од општинската прес-служба, градоначалникот Георгиевски доделил новогодишни пакетчиња за децата со попреченост од двете хуманитарни здруженија „Боиме сино” и „Илинден” кои се единствени на територија на општина Илинден и со кои локалната самоуправа има потпишано Меморандум за соработка.

Градоначалникот Георгиевски на сите деца им посакал во новата година да имаат здравје, среќа и љубов.

28.12.2022 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега