Словенија тајно и помага на Украина: Неделава и испратила 20 Пандури
Словенија продолжува да испраќа голема воена помош за Украина.
Според словенечките медиуми, словенечката влада неделава во целосна тајност испратила во Украина 20 оклопни возила „Пандур“ вооружени со митралези од 12,7 мм и фрлачи на гранати од 40 мм. Станува збор за возила стари 24 години, а тоа се најмладите возила што Словенија ги испрати во Украина. Станува збор за оклопни возила 6х6 кои се произведуваат во Словенија по лиценца на австриската компанија Steyr Daimler Puch, која е дел од американската групација General Dynamics Land Systems – Europe. Словенечката армија поседува 85 од овие возила, кои во словенечката армија се нарекуваат Valuk.
Словенечките медиуми тврдат дека целата операција траела неколку месеци бидејќи прво требало да се подготват и сервисираат возилата, а потоа да се уреди транспортот. Возилата потоа биле префрлени, најверојатно со словенечки транспортен авион Ц17, во неколку кругови во Словачка или Полска, од каде потоа биле испратени во Украина. Словенците тврдат дека Украинците ќе ги користат овие возила во претстојната офанзива.
Според достапните информации, Словенија досега испратила во Украина 35 оклопни возила М80 А, 28 тенкови Т55 С, 16 хаубици од 105 мм и 20 Хамви. Се преговараше и со Германија за испраќање на тенкови М 84, но тоа не се реализира. За возврат, Словенија од Германија доби германски пешадиски борбени возила „Мардер“ и оклопен транспортер „Фукс“ тип 6х6, како и нови камиони. Сè уште очекуваат воена помош вредна неколку милиони од САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа