Скопска населба остана без вода поради дефект
Прекинато водоснабдување денеска од 12 часот ќе имаат дел од корисниците на улиците „Маџари“ и „Антон Попов“, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што информираат од претпријатието, е дефект на приклучна цевка Ф2“ на ул.„Маџари“ позади амбулантата и ќе трае до санирање на дефектот.
07.11.2022 - 12:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа