Скопска населба остана без вода поради дефект
Поради дефект на водоводна цевка на улица „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, без вода од 8:30 часот ќе бидат дел од објектите во близина на Владата на Република Северна Македонија.
Вода ќе немаат корисниците на улиците „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, „Ристо Шишков“, „Аминта Трети“, „8-ми Март“, „Наум Наумовски Борче“ и дел од бул. „Илинден“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.
26.04.2022 - 09:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа