„Скопје1“: Возачот кој од Белград го однесе Палчо до Баликесир доби 30-дневен притвор

На 46-годишниот скопјанец кој му помогна на Љупчо Палевски-Палчо од Белград да стигне до турскиот град Баликесир му е продолжен притворот за 30 дена, јавува порталот „Скопје1“ повикувајќи се на судски извори.

Судијата сметал дека тој може да биде недостапен во текот на истрагата, но и да влијае врз сведоци и лица кои имаат информации.

Неколку часа даваше исказ пред судијата. Се противел на мерката, како тој, така и неговиот адвокат. Обвинителката останала на предлогот. Судијата пресекол – сомненијата се основани.

Претходно, при влегувањето во Кривичниот суд на новинарско прашање одговори дека не чувствувал вина и дека го возел до болница.

07.12.2023 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега