Две скопски општини останаа без вода


Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 150мм. на улица „Козле“ 16 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Козле“, „Стогово“, „Џумајска“ и „Миле Поп Јорданов“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 10:00 часот до завршување на работните активности.

Исто така поради дефект на приклучна водоводна цевка на улица Лисец 186, без вода од 10:15 часот ќе бидат корисниците од неколку улици во населба Горно Лисиче, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

04.10.2024 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега