Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес
Скопје денеска одбележува 60 години од земјотресот кој го разори градот.
Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца.
Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Скопје стана град на меѓународна солидарност.\
Во земјотресот животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени околу 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа