Скопје на второ место во Европа по загаденост на воздухот, 13-то во светот
Специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „Ај-Кју Ер“ денеска го рангира Скопје на 13. место во светот според загаденоста на воздухот со индекс од 138, а на второ место во Европа.
Пред Скопје се само Лахор, Делхи, Ташкент, Каиро, Сараево, Киншаса, Мумбаи, Техеран, Пекинг, Ханој, Вухан и Доха.
Од европските градови во листата на топ десет најзагадени градови се најдоа и Будимпешта, Милано и Виена, додека, пак, останатите два града се Мумбаи и Ханои.
11.11.2024 - 11:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа