Скопјани спремете се: Без вода утре две општини

 

Поради санирање на два улични дефекти утре без вода ќе бидат дел од корисниците во општините Центар и во Чаир, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од 09:00 часот без вода ќе бидат корисниците од улиците „Никола Кљусев“ и „Максим Горки“ во Центар. Истиот период прекин на водоснабдувањето ќе имаат и корисниците од улиците „Архиепископ Ангелариј“, „Покриена Чаршија“, „Лазар Танев“ и „Јорганџиска“ во Чаир.

06.06.2022 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега