Скопјани бидете подготвени: Утре три општини без вода
Без вода утре ќе бидат неколку делови од општините Карпош, Центар и Гази Баба, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје.
– Според добиеното известување од ЈП „Водовод и Kанализација“, се најавуваат четири планирани прекини во водоснабдувањето. Поради дефект на затворач ф-150 на крстосницата „Карпошево Востание“ / „Манапо“ во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Карпошево Востание“, дел од „Манапо“, дел од булевар „Илинден“, „Огражден“, „Пелистерска“, „Струма“ и „Радика“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување со санација на дефектот. Во општина Центар, поради промена на вентил во шахта на улицата „Никола Вапцаров“ пред Ловечка Федерација, во периодот од 08.30 часот, па до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците од улицата „Димитрие Чуповски“ на потегот од улицата „Македонија“ до Министерството за правда, појаснуваат оттаму.
Во општина Центар, поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на „Франклин Рузвелт“ 18, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и дел од булевар „Партизански Одреди“. Како што е соопштено, водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување на работните активности.
– Во општина Гази Баба, поради изведување на водоводен приклучок Ф-125 мм на улицата „Методија Андонов Ченто“ 77, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности, додаваат оттаму.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа