Скопјанец ќе лежи 11 години затвор - Се барал со девет потерници

 

Македонската полиција синоќа приведе криминалец кој се барал за издржување на затворска казна од 11 години. Според информациите од МВР, вчера околу 22.30 часот на улицата „Караорман“ во Битола, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во содејство со СВР Битола, Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода 24-годишниот М.К. од Скопје.

 Тој бил баран по девет централни потерници од Казнено - поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје и од Основното јавно обвинителство Скопје за издржување на казна затвор од 11 години и три месеци.

При лишувањето кај него била пронајдена и одземена марихуана. М.К. бил предаден во Полициска станица Битола за понатамошна постапка.

27.01.2025 - 10:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега