Синџир на елитна проституција во која учествувале стјуардеси разбиен од полицијата во Виетнам
Полицијата разби синџир на проституција со стјуардеси во кој до 30 вработени работеле како придружници – на богатите клиенти им наплаќале до 2.700 евра за една ноќ во Виетнам.
Полицајците во средата вечерта упаднале во луксузен хотел во градот Хо Ши Мин, каде наводно пронашле три стјуардеси во кревет со различни мажи. И четвртата жена, која е манекенка, била уапсена додека се дружела со муштерија.
Полицијата ја фатила и наводната подведувачка Во Ти Мај Хан (26) ѝ ја привела. Наводно на мажите им праќала слики од девојките кои работеле кај неа, облечени во нивните униформи, а со цел да привлече муштерии.
Службениците рекоа дека Во Ти Мај Хан била стјуардеса за Виетнам ерлајнс пред да ја напушти таа работа за да се фокусира на тоа да биде макро со полно работно време, и самата земајќи клиенти.
Полицајците рекоа дека Во Ти Мај Хан сега е во притвор под сомнение за проституција и посредување во сексуални услуги.
Полициската управа на градот Хо Ши Мин во соопштението во четвртокот вели: – На 9 август 2023 година, Одделот за криминална полиција ја водеше и координираше со полицијата на округот 1 за да се спроведе план за разбивање на сексуален синџир.
Извршен е увид во хотел на улицата Ле Ти Риенг во округот Бен Тан, округ 1, каде полицајците откриле четири лица кои се занимавале со проституција во четири соби. Три биле стјуардеси, а една манекенка. Осомничената Во Ти Мај Хан е приведена за делото посредување во интимна врска.
Во полициската станица четирите жени тврделе дека биле ангажирани од осомничената која им договарала клиенти во хотелот за цена од 1.000 до 3.000 долари. Признале дека сториле кривично дело.
– Во Ти Мај Хан признала дека контактирала со многу стјуардеси, „жешки девојки“ и фотомодели, а потоа испраќала фотографии во униформи на стјуардеси за да ги убеди клиентите да ги најмат.
Полицијата рече дека клиентите ѝ плаќале на Во Ти Мај Хан, која потоа организирала средби меѓу мажите и кабинскиот екипаж – од кои голем дел биле нејзини поранешни колешки и девојки од други авиокомпании.
Некои мажи дури ангажирале по две стјуардеси за цела ноќ.
Полицијата тврди дека на нејзините книги имало најмалку 30 жени.
Полицијата сега се обидува да пронајде други вмешани во синџирот на проституција и ги повика другите инволвирани луѓе да излезат со повеќе информации, пишува Дејли мејл.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа