Синдикалната кошница за март изнесува 58 998 денари
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2024 година изнесува 58 998,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари годинава е зголемена за 1 522,00 денари.
Според Сојузот на синдикати на Македонија, најголемо зголемување има во делот кај храната и пијалоците кои за месец март изнесуваат 22.681,00 денари, споредено со месец февруари, кога изнесувала 21 219,00 денари, зголемени се за 1 462,00 денари. Од ССМ наведуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март синдикалната кошничка изнесува 74 373,00 денари.
Од податоците со кои располага ССМ, од декември 2023 година до март 2024 година трошоците само за храна и пијалоци се зголемени за 1 951,00 односно за 9,41 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа