Син ми го викаат мали Таче: Тоа ни е семеен прекар од дедо ми

 

„Син ми доаѓа и ми вели „абе тато излегувам од школо, оној докторот, што ти е на тебе пријател, ми вика кај си бе мали Таче“, и вели што е тоа? Епа велам тоа ти е, сега ќе бидеш мали Таче и после некое време ќе станеш Таче, и кога ќе добиеш син, тој ќе биде мали Таче“.
Вака објаснуваше лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во поткастот на телевизија Сител.

– Имаат многу убави имиња моите баби – Андроника, Анастасија, Севастија, Марија и мојот дедо е Димитар, кој што го викале Таки, и потоа зашто бил прилично мал по раст станал Таче нагалено. Тоа е семеен прекар – вели Ковачевски.

 

18.03.2024 - 09:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега