Сиљановска Давкова на средба со Франгеш - разговарано за текот на реформскиот процес по формирањето на новата влада
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Анжеј Франгеш, специјален пратеник за Западен Балкан на Република Словенија.
На средбата беше изразено задоволство од одличните пријателски односи и соработка меѓу двете држави, со взаемна поддршка и почит.
Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за силната и отворена поддршка на Република Словенија за нашата земја на евроинтегративниот пат и оцени дека со назначувањето на специјален пратеник за Западен Балкан, Словенија ја потврдува својата силна посветеност на процесот на интеграција на нашиот регион во Европската Унија.
На средбата се разговараше за текот на реформскиот процес по формирањето на новата влада. Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова оцени дека формирањето на Министерството за европски прашања е чекор што ја демонстрира посветеноста на нашата држава за европската агенда.
Претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување за продолжување на словенечката поддршка во исполнувањето на македонските стратешки определби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа