Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтер ја погоди Кина

 

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди киргистанската автономна префектура во северозападниот автономен регион Ксинџијанг, соопшти денеска Кинескиот центар за следење земјотреси (CENC).

Епицентарот на земјотресот бил лоциран во градот Атукс, на длабочина од 19 километри, објави CENC, пишува China Daily.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.

20.06.2024 - 14:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега