Силен земјотрес ја погоди Грција


Земјотрес со јачина од 4.5 степени по рихтер предмалку ја стресе јужна Грција.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа во јонското море, во близина на Закинтос.

Земјотресот беше на длабочина од 20 километри, но според коментарите на граѓаните кои се во близина на епицентарот на земјотресот истиот траел подолго време.

Се уште нема информации за повредени или материјална штета.

28.09.2024 - 14:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега