Силен циклон направи хаос во Индија: Откорнати дрвја, далноводи, покриви од куќи, евакуирани 180.000 луѓе

 

 

Силен циклон ја зафати индиската држава Гуџарат. Невремето корнеше дрвја, покриви од куќи и столбови за струја во неколку делови на западната индиска држава, кои во текот на ноќта го погодија копното.

Пороен дожд и денеска продолжи да врне на крајбрежјето. Засега нема пријавени жртви.

Снимките објавени од локалната телевизија покажуваат откорнати дрвја, луѓе кои бараат засолниште од силните ветрови и остатоците на патиштата како последица на циклонот.

Повеќе од 180.000 луѓе беа евакуирани во Индија и Пакистан во изминатите неколку дена додека властите се подготвуваа за циклонот Бипарџој да ги погоди бреговите на двете земји.

Бипарџој, што на бенгалски значи „катастрофа“ или „несреќа“, падна на копно во близина на пристаништето во Гуџарат, кое е блиску до границата со Пакистан, соопштија метеоролозите. Индиските метеоролози предупредија на многу обилни врнежи во Гуџарат и во соседната држава Раџастан до крајот на денот.

Како што беше соопштено претходно, крајбрежните градови во делови на Гуџарат беа напуштени и во темнина, бидејќи струјата се прекина поради соборените столбови. Само во Гуџарат повеќе од 100.000 луѓе беа евакуирани и преместени во засолништа, додека во Пакистан околу 82.000 луѓе беа евакуирани од крајбрежните области со висок ризик.

Помошта за раселените во двете земји беше организирана во училишните сали и владините згради. Пакистанските метеоролози најавија дека во неколку региони се очекуваат умерени и обилни врнежи од дожд.

16.06.2023 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега