Си-ен-ен: Америка побара од Украина да не ја напаѓа Русија за време на бунтот на Вагнер

 

 

Америка и другите западни сојузници на Украина, побараа од Киев да се воздржи од напад на руска територија за време на бунтот на Вагнер, изјави американската медиумска компанија Си-Ен-Ен, повикувајќи се на западни претставници.

„Главната порака беше да не маваме премногу. Западот се плашеше дека Москва може да ги толкува сличните дејствија како Украина да го прави тоа како дел од помагањето на сопственикот на Вагнер, Јевгениј Пригожин. Тоа би значело дека Киев и нивните сојузници го нарушуваат рускиот суверенитет. Затоа сојузниците го предупредија Киев, да не се вклучува во провокации и дека треба да ја искористи можноста на територијата на Украина и да не ги напаѓа цели внатре во Русија“, изјави еден од изворите.

Руската новинска агенција ТАСС наведува дека слична порака кружела на ниво на министри за надворешни работи, нивни заменици и амбасадори.

Американскиот портал „Аксиос“ претходно напиша дека, американскиот државен секретар Антони Блинкен на 23 јуни испратил итна телеграма до претставници на Стејт департментот, во која забранува коментари за бунтот на Вагнер во Русија.

27.06.2023 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега