Шојгу: Русија и Северна Кореја ја зајакнуваат одбранбената соработка

 

 

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во Пјонгјанг разговараше за зајакнување на одбранбената соработка со шефот на Одделот за одбрана на Северна Кореја, армискиот генерал Канг Сун Нам.

„Убеден сум дека денешните разговори ќе помогнат да се зајакне соработката меѓу нашите одбранбени оддели“, рече Шојгу, пренесе руското Министерство за одбрана, јавува ТАСС.

Тој изјави дека Русија има намера доследно да ги развива односите со Северна Кореја во сите области и дека таа е важен партнер, а имаат и заедничка граница – 17 километри на копно и 22 километри на море и богата историја на соработка.

„Посетите на воени бродови, официјални посети на високи претставници на Министерството за одбрана, размена на делегации на работно ниво, обука на персонал, придонесоа за одржување на мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров“, оцени Шојгу.

Тој ја предводи руската делегација која пристигна во Северна Кореја за да присуствува на церемониите по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна.

Рускиот министер на аеродромот го пречека неговиот севернокорејски колега Канг Сун Нам.

26.07.2023 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега