Шер огорчена на поранешниот сопруг со кој постигна светска слава: Ми ги зеде парите
Шер (78) неодамна ги објави своите мемоари The Memoir (Прв дел), во кој зборува за најмрачните фази од нејзиниот живот, вклучувајќи го и нејзиниот бурен брак со покојниот пејач и политичар. Сони Боно и Шер беа во брак од 1964 до 1975 година, а соработуваа и во бизнисот.
„Ми ги зеде сите пари. Мислев: Ние сме маж и жена. Половина од работите се негови, а половина се мои. Не ми падна на памет дека има друг начин”, открила пејачката. Инаку, парот се запозна во 1962 година, по што издадоа албум наречен Look at us, кој постигна голем успех. Во еден момент тие имаа дури пет песни на топ 50 листата на Билборд.
Исто така, во 1970-тите, тие го водеа успешното шоу на CBS The Sonny & Cher Comedy Hour. „Би сакала да го прашам: „Сони, во кој момент реши дека можеш да ми ги земеш сите пари?“, изјавила таа. Според неа, тој и забранил да се дружи со нејзините пријатели, ја обвинил за своите измами.
Таа напишала дека во еден момент била толку несреќна што размислувала да скокне од балконот на хотелската соба во Лас Вегас. „Едно утро се разбудив рано, мислам дека беше околу пет часот и само помислив: „Веќе нема да го правам ова. Ќе го оставам“, откри таа и додаде: Тишината меѓу нас беше страшна“.
Морала, како што пишува во своите мемоари, да продолжи да живее со него во текот на неделата за да го зачува својот имиџ во јавноста.
Во мај оваа година Шер во шоуто на Џенифер Хадсон откри дека морала повторно да го заработи своето богатство откако ги потрошила заработените пари. „Во одреден момент ги изгубив сите пари што ги заработив. Затоа морав да почнам од нула и не знаев што всушност ќе правам за да заработам за живот за моите деца”, рекла Шер.
Шер истакна дека не е секогаш лесно да се биде во музичката индустрија и дека морала да надмине неколку пречки за да остане на сцената. Сепак, додаде дека и покрај нејзините успеси, смета дека среќата одиграла голема улога во нејзината долга музичка кариера.
„Имам среќа. Навистина сум среќна затоа што мислам дека не е доволно да се биде талентиран за да се биде во нашиот бизнис, мора да имаш среќа. Го велам тоа затоа што познавам луѓе кои знаат да пеат околу мене, но тие немаа среќа“, рече Шер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа