Шалтерите на „Водовод и канализација“ во петок ќе работат само прва смена, а ќе бидат затворени во сабота и понеделник
За време на претстојните велигденски празници, шалтерите на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ утре ќе работат само прва смена од 07:30 до 15:30 часот, а во сабота и понеделник нема да работат.
Со редовни работни активности, шалтерите на ЈП „Водовод и канализација“ ќе продолжат во вторник.
Од „Водовод и канализација“ ги повикуваат граѓаните да ги искористат можностите преку електронските сервиси на претпријатието.
21.04.2022 - 11:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа