Шакира не сака врска со Том Круз, шпекулациите ги нарече смешни

 

Шакира и Том Круз неодамна предизвикаа шпекулации за романса по нивната дружба на гран при викендот во Формула 1 во Мајами, но инсајдер ексклузивно за „Ју-ес викли“ вели дека нема љубовна врска на повидок.

„Шакира се дружеше со Том на трката, но таа нема интерес да излегува со него“, вели изворот за 46-годишната Колумбијка.

„Таа уживаше во неговото друштво, но нивното дружење нема да прејде во врска. Таа во моментот не размислува на романса со него или со некој друг. Има многу поважни работи во својот живот и засега е фокусирана на децата и кариерата“.

Добитничката на „Греми“ и актерот од „Топ Ган: Маверик“ (60) беа забележани заедно на спортскиот настан во неделата на 7 мај предизвикувајќи лавина коментари за потенцијална романтична врска.

Тие позираа заедно на тркачката патека, но инсајдерот вели дека фотографијата била чисто платонска.

„Шакира ги виде онлајн-коментарите дека Том наводно ѝ се додворува и читаше како фановите си го кажуваат своето мислење, но таа смета дека тоа е смешно бидејќи, едноставно, не е вистина“, објаснува изворот. „Таа се забавуваше додека разговараа, но тоа беше сè“.

12.05.2023 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа