Северно Море исфрли еден тон кокаин на брегот на Германија
Големо количество дрога исфрлило Северно Море на германскиот остров Боркум, соопшти денеска Обвинителството во градот Аурих.
Турист во април на плажа пронашол голем број сомнителни чанти врзани со појас за спасување и пријавил во полиција. Обвинителството во Аурих сега потврди дека во вреќите имало околу еден тон кокаин.
Тоа е најголемата количина на дрога што се појавила на брегот на Северното Море во провинцијата Долна Саксонија во изминатите години.
Сојузната полиција ја презеде истрагата. Сè уште не е познато од каде се пакетите, зошто се пронајдени на плажата и дали има осомничени во случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа